22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕЉУБОВ И СЕКС

Колку често имате секс – еве како тоа влијае на вашето здравје

Веќе нашироко е познато дека сексот лекува, а психолозите ќе ви кажат дека сексот е исклучително добар за здравјето, но колкава корист ќе добиете од него зависи исклучиво од вас.

Колку повеќе водите љубов, толку ќе бидете поздрави, а во зависност од бројот на денови во неделата кои ги поминувате со жешки игри во кревет, ќе имате помалку или повеќе здравствени придобивки.

И како сексот влијае на вас според бројот на денови во неделата што го имате.

Еднаш неделно
Сексот еднаш неделно позитивно ќе влијае на одржување на вашата линија. Водењето љубов го поттикнува лачењето на окситоцин, хормонот на љубовта, кој освен што ја поттикнува блискоста меѓу партнерите, придонесува и за помирен и подобар сон, вели д-р Хелен Фишер, антрополог од Универзитетот Рутгерс. Повеќе сон – помала тежина, бидејќи сонот го регулира лачењето на хормоните грелин и лептин, кои се одговорни за чувството на глад.

Два пати неделно
Луѓето кои уживаат во сексот најмалку два пати неделно имаат 30 отсто повисоки нивоа на имуноглобулин, кој му помага на телото да се одбрани од болести, покажа американското истражување. Ако имате редовен секс, имунитетот ви е посилен, па помали се шансите да „фатите“ инфекција.

Три пати неделно
Многу позабавно е да се биде во кревет (или каде и да посакаш) со некој што го сакаш отколку во теретана, нели? Сексот го зголемува пулсот и ја забрзува циркулацијата на крвта. Луѓето кои уживаат во сексот најмалку три пати неделно имаат половина помали шанси да добијат срцев удар од оние кои немаат толку среќа, покажа истражувањето на научниците од Универзитетот во Бристол.

Четири пати неделно
Сексот четири пати неделно ќе направи чуда за вашиот тен. Ако често сте „зафатени“ во спалната соба, ќе останете подолго помлади. За време на сексот се зголемува производството на колаген, што ја спречува појавата на брчки и пеги на кожата, велат лекарите од Кралската болница во Единбург, кои спровеле истражување на таа тема. Квалитетниот сексуален живот придонесува за блескав тен и сјајна коса, бидејќи за време на сексот се забрзува циркулацијата. Како резултат на тоа, кожата добива повеќе кислород и изгледа посвежо. Исто така, забрзаната циркулација го стимулира ослободувањето на токсините и прави усните да изгледаат пополни.

Пет пати неделно
Редовните сексуални односи го подигнуваат општото ниво на енергија, не прават оптимисти и креативни (на сите полиња, не само во кревет). Освен тоа, вашиот однос со партнерот ќе биде подобар, вели д-р Фишер.

Шест пати неделно
Сексот не прави попаметни. Подобрата циркулација значи дека мозокот работи подобро, а кога доживуваме оргазам, доживуваме „експлозија“ на хормони, од кои многу на најпозитивен можен начин влијаат на нашите интелектуални моќи.

Секој ден
Ако успеете да го направите ова, секој ден, тоа значи дека не дозволувате „факторите кои попречуваат“ како што е стресот на работа да ве спречат да уживате во животот. Редовниот секс го намалува нивото на стрес и ги ублажува анксиозните пореметувања кои се толку чести во денешно време, покажале истражувањата, а објаснувањето за тоа веројатно лежи во зголеменото лачење на ендорфин што предизвикува водење љубов.

Можеби ќе ве интересира

Само 15 минути: 5 причини зошто е доволен и краток тренинг

M T

Кои се придобивките од пиењето кафе: омилениот пијалок на многу луѓе може да го намали ризикот од дијабетес

CENTAR MKD

СО ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД ДО ЗДРАВЈЕ – Благодарение на овие 7 активности, телото ќе ви биде благодарно, но и паричникот

M T

Женскиот оргазам трае 3 пати подолго од машкиот

M T

ВИТАЛЕН ЗА ЗДРАВЈЕТО – Ако ги забележите овие знаци, тогаш на вашето тело му недостасува магнезиум

M T

Секс на плажа – Седум совети кои ќе го направат уште подобар

M T