22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Ургентниот центар во ГАК во Чаир опремен по сите европски стандарди

Во ГАК во Чаир пуштен во употреба е целосно реновираниот ургентен центар опремен по сите европски стандарди. Во денешната посета на болницата, министерот за здравство д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите четири години овде се направени многу значајни инвестиции, а сето тоа врз основа на добро направениот план кој ги опфаќа инвестициите од страна на министерството за здравство, како и поддршката од страна на донаторите – Агенцијата ТИКА, Проект ХОПЕ и компанијата Алма М.

-Благодарение на целиот овој координиран систем на донација за надградба на оваа болница и инвестицијата од министерството за здравство, благодарение на лидерството на директорот д-р Исмаили, на целокупниот тим којшто тука работи, сега можеме слободно да кажеме дека во болницата во Чаир се целосно реновирани операционите сали, делот за интензивна нега, современ мониторинг за жените коишто се породуваат, целосно реновирани амбуланти со нова опрема и зголемување на степенот на квалитет којшто се дава во интензивната нега на новородените таканаречен втор-а степен со којшто се подигна нивото на опременост на оваа болница. Болницата е целосно гасифицирана, ги нема веќе оние црни чадови коишто го загадуваа воздухот тука во Скопје. – изјави министерот Филипче.

Во болницата ГАК во Чаир се раѓаат близу 4000 деца годишно кои учествуваат исто како и другите институции во намалувањето на новороденечката, раната неонатална и доенечката смртност. Во изминатите 4 години постигнавме многу значајни резултати и процентот на преживување на предвремено родените бебиња значајно се зголеми, односно смртноста во 2016 година која беше 25%, сега е 8,9%. Ова е резултат на инвестицијата во изминатите години во третманот на родилките и на бебињата. Ние сме единствена земја во светот којашто има значајно намалување на вкупната смртност на предвреме родените бебиња и во споредба со 2016 година истата е преполовена.

-Искрено се надевам дека ќе продолжи по овој систем, да се инвестира таму кадешто е најпотребно, децата се секогаш онаму кадешто најмногу треба да се унапредува здравствената заштита. – потенцираше министерот Филипче во денешната изјава за медиуми по обиколката на болницата за ГАК во Чаир.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Продолжувам да работам во интерес на пациентите и здравствените работници

M T

Филипче: Во 2022 година 5% зголемување на платите на сите вработени во здравство

M T

Филипче: После 70 години целосно реновирани 1.300 квадратни метри на Клиниката за Ортопедија

M T

Филипче ги посети преживеаните во несреќата: Тие се во добра здравствена состојба

M T

Филипче: Обезбедивме квалитетна инсулинска терапија, за првпат сензори за мерење гликемија

M T

Министерот за здравство не размислува за оставка

M T