Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија воз и автомобил во Кумановско – тешко повредено едно лице

Еден човек е тешко повреден во судир на воз и автомобил во кумановското с.Романовце, на патен премин кај место викано „Превој“.

Железничката несреќа се случила завчера, помеѓу помеѓу воз кој сообраќал на релација Ж.С.Табановци Ж.С.Трубарево и возило „мерцедес“. Повреден е возачот на автомобилот, кој е од с.Алашевци.

С.Ј. се здобил со повреди и е префрлен во болница во Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК