22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

Во Центар поставена првата еко-новогодишна елка

ЈП ПОЦ и Општина Центар ја поставија првата еколошка новогодишна елка направена од пластични шишиња рециклирани од страна на жителите кои повеќе од една година учествуваат во правилното справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки.

Новогодишната елка висока 5 метри е изработена од повеќе од 500 употребени зелени пластични шишиња и ќе биде лоцирана во Дебар Маало кај кружниот тек близу општината. Светлата на елката официјално ќе бидат вклучени во 16.30 часот.

Поставувањето на оваа елка е впечатлив начин да се истакне како пластиката може да се рециклира и да се искористи повторно.

Општина Центар преку проектот „И отпадот има вредност!“ е прва општина во регионот која одлучи на уникатен начин да ја развие еколошката свест на граѓаните и да им овозможи да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки со цел да придонесат во намалувањето на количината на отпадот кој завршува во депониите.

За една година, во рамките на проектот, рециклирани се повеќе од 300.000 PET пластични шишиња и лименки, издадени се над 3000 Green Pay картички, исплатени се над 300.000 денари субвенции од Општина Центар за сите граѓани кои се вклучиле во процесот на рециклирање.

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар распиша јавен повик за ангажирање на невработени лица од општината во рамки на проектот „Образование за сите“

M T

Герасимовски: Ве повикувам да ја потврдиме победата за Центар да продолжи напред

M T

Општина Центар ја активираше банкарската гаранција за изградбата на Шпански скали

M T

Повеќе улици во Центар утре ќе бидат затворени за сообраќај

M T

600 првачиња во основните училишта во општина Центар

M T

Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа

M T