Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени две лица за криумчарење мигранти

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до надлежното ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.А.(27) и А.Х.(20), двајцата од Пакистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик.

Имено, на 22.12.2021, по преземени мерки и активности на автопатот Куманово – Табановце, во напуштени објекти во село Горно Којнаре, кумановско, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пронашле 40 лица – мигранти од кои 21 лице од Индија, 15 од Сирија, две од Пакистан, и по едно лице од Мароко и Турција. Меѓу лицата три се малолетни.

Исто така, при преземањето мерки било утврдено дека М.А. и А.Х., кои биле дел од групата, ја организирале групата и за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско-грчката граница.
Во текот на денот М.А и А.Х. ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека, останатите лица се сместени во Прифатен центар.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +