Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

ЕСМ воведува мерки на штедење, дел од работниците одат на принуден одмор

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) воведува мерки на штедење со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза.

Како што наведуваат од компанијата, во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период.

„Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70% од платата“, се наведува во соопштението.

Во него се објаснува дека мерките се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.

„Намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно стопирани се спонзорствата, репрезентациите, службените патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија, сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, додека законската дневница за патување се исплаќа во половина износ. Запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес, додека употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана“, посочуваат од ЕСМ.

Можеби ќе ве интересира

Ако вечерва се наоѓате на патиштата во Македонија, внимавајте на овие критични сообраќајни правци поради одрони, излевање на реки, снег…

ДЕСК

(ФОТО, ВИДЕО) Тешка ноќ за преспани – Се излеа Голема Река кај Ресен, поплави и во неколку села

ДЕСК

Почнаа врнежите на снег вечерва во делови од Македонија

ДЕСК