Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Неколку лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу патничко и запрежно возило

Вчера околу 10.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – исклучок за с.Мамутчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) од с.Горобинци, светиниколско и запрежно возило, управувано од И.З.(75) од Велес.

Во несреќата И.З. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот во запрежното возило С.У.(65) од Велес, возачот И.С. и сопатничката во неговото возило В.С.(74) од с.Горобинци се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК