Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возило удри 84-годишен пешак во Бутел – Лицето добило телесни повреди

84-годишен човек добил телесни повреди кога во него удрило возило.

Според информациите од МВР, синоќа, вo 20.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било донесено повредено лице од сообраќајна несреќа.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден на крстосницата од улицата Бутелска и улицата Натанаил Кучевишки, А. Н. (84) од Скопје бил удрен од возило и откога возачот на самото место му укажал помош, го напуштил местото.

Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК