Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Со опремување на 260 кабинети по природни науки и нови наставни програми кај учениците ја развиваме љубовта кон природата и свесноста за важноста на животната средина

Учениците од ОУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров учат за воздухот, почвата, растенијата и за заштита на животната средина во целосно нов кабинет по природни науки, кој е еден од 260 кабинети, опремени со средства од МОН, но и по целосно нови програми, со кои се развива свесноста за важноста на животната средни и љубовта кон природните науки.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на САД, Кејт Брнз и градоначалникот Александар Стојковски, денеска го посетија ОУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров кое е едно од училиштата каде со вложувања од државата се подобрени условите за настава, но и е вклучено во програмата ГЛОБЕ која се реализира во партнерство со Еко-Свест и амбасадата на САД.

Свеста за грижа кон опкружувањето започнува од воспитувањето внатре во семејството, но грижата за животната средина треба да се учи и системски во образованието, затоа што така најдобро се поттикнуваат цели генерации на одговорност кон животната средина и нејзината заштита. Во таа насока се новите наставни програми, кои покрај редовната настава, предвидуваат и воннаставни активности за подигнување на свеста кај младите за овие важни прашања, се со цел оваа планета да стане подобро место за живеење. Секако, во прилог ни се и сите проекти со кои ја зголемуваме свесноста за суштински важни теми, меѓу кои е и заштитата на животната средина.

Училиштето „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров е едно од 27. основни и средни училишта од државата што добија соодветна техничка опрема, а наставниците имаа практична обука и стекнаа вештини за испитување и мерење на квалитетот на атмосферскиот воздух, водите и почвата, преку програмата ГЛОБЕ, реализирана со поддршка на САД и Еко-свест.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК