Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи и Брнз потпишаа Договор за безбедносните мерки за заштита на класифицираните информации

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнз, денеска, го потпишаа Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации.

“Со денешното потпишување на Договорот за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации ја збогатуваме договорната рамка меѓу Северна Македонија и САД, што претставува уште една потврда на извонредните односи и довербата која владее меѓу двете пријателски земји. Како стратешки партнери и НАТО сојузници остануваме посветени на понатамошно јакнење на соработката во насока на постигнување долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на земјава и регионот“, истакна Османи.

“Безбедноста зависи од ефективната размена на информации. Овој договор ја подобрува таа витална комуникација меѓу САД и Северна Македонија. Тоа е уште една пресвртница во зајакнување на соработката како партнери и НАТО сојузници и во работењето кон посигурна, попродуктивна иднина за сите“, нагласи амбасадорката Брнз.

Со споменатиот Договорот се регулира начинот на размената на класифицирани информации во областите на надворешните работи, одбраната, безбедноста, владеење на правото, науката, индустријата и технологијата, при што се утврдуваат потребните мерки и процедури за нивна заштита.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полициски службеник и агресивно се однесувале при лишувањето

ДЕСК

Левица: ДПМНЕ да не бега од сопственото ветување за една изборна единица

ДЕСК

Двајца 30 годишни скопјани пронајдени починати во викендица во горна Ѓаковица – Полицијата го откри идентитетот

ДЕСК