Centar.mk
вестИЗБОРТЕХНОЛОГИЈА

На „Фејсбук“ се воведува промена за корисници со блокирани профили

Многу корисници се жалат за комуникацијата со поддршката на „Фејсбук“ откако нивниот профил на таа социјална мрежа бил блокиран поради некоја причина. Поради многуте жалби, компанијата „Мета“ одлучи да воведе нова функција.

Станува збор за chat или онлајн-разговор, кој ќе им олесни на корисниците на „Фејсбук“ кои немаат пристап до своите профили, да контактираат со поддршката за корисници, пишува порталот „Индија тудеј“.

Ова може да биде од голема корист за луѓето што сакаат да го вратат својот профил и поефикасно да го решат овој проблем.

Од „Мета“ објавија дека почнале со тестирање чат за корисници што зборуваат англиски, а чии сметки се блокирани. Првиот тест се фокусира на корисници што не може да пристапат до својот профил поради невообичаена активност или прекршување на правилата на фејсбук-заедницата.

Можеби ќе ве интересира

НАЈАВЕН ГОЛЕМ АИ-ПРОЕКТ ВО БРИТАНИЈА – Дракс планира центар за податоци со партнери

ДЕСК

Повеќе од цена: Како домашните апарати на Samsung внесуваат вредност во секојдневниот живот

ДЕСК

БРИТАНИЈА СО НОВО КИБЕРПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – АИ може да ги засили нападите врз критичната инфраструктура

ДЕСК