Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

224 санкционирани возачи во Скопје, 48 под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 48 мерки за возење под дејство на алкохол, 26 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, шест за користење мобилен телефон, 11 за возач почетник.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +