26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нухиу: Не се согласувам со списокот за помилувања на одредени затвреници

Агум Нухиу, заменик-миниустерот за правда, вели дека се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од неговиот министер Бојан Маричиќ, а кој треба да биде испратен кај претседателот Стево Пендаровски.

На списокот за помилување има 48 лица, меѓу кои се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово.

„За предлозите за помилување на некои затвореници, како заменик на министерот за правда не се согласив и секако институционално реагирав!
Предлозите до Управата на затворите за помилување на одредени затвореници кои со своите криминализирани дела вознемируваа граѓани и ги уриваа темелите на државата, никогаш нема да ја добијат мојата поддршка и не треба да имаат поддршка ниту од министерството за правда. Никогаш нема да молчиме за каузата на правдата!“, напиша заменик-министерот за правда, кој доаѓа од редовите на ДУИ.

Конечната верзија на списокот ќе биде испратен до Комисијата за помилување, во кабинетот на претседателот на државата.