Centar.mk
ЛОКАЛНО

Данела Арсовска е неспособна, обвини СДСМ

Соопштение за јавност на СДСМ – реакција на прес-конференцијата на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ:

Неспособната Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ наместо да бара алиби да се фати за работа

Тотална неспособност покажува Данела Арсовска во првите два месеци од мандатот.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да се фатат за работа секојдневно бараат алиби за нивната неспобност.

Прекинат проект за Бас рапид транзит, прекината изградба на два моста, поништен оглас за вработување на пожарникари, Скопје во сообраќаен хаос, тоа е „успесите“ на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ во првите два месеца.

Дури и градоначалници од нејзината коалиција се жалат на неспособноста на Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покрие неспособноста на Арсовска со лажни податоци.

Не се точни пласираните информации за долгот, тоа е уште една лага.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +