26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утрово студено и ветровито, вечерва снег

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег.

Денес и утре ќе дува засилен северен ветер и ќе има повремени локални врнежи од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со подолги сончеви периоди и со пониски утрински и дневни температури.

Прогноза за 19.12.2021
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 0°C до 7°C
Променливо облачно со повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.12.2022
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: -1°C до 7°C
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 21.12.2021
Минимална температура: -9°C до 1°C
Максимална температура: 0°C до 9°C
Сончево и студено со мала, а во источните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.