Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Обединетите Арапски Емирати ги менуваат викендите – работниците ќе работат четири ипол дена

Обединетите Арапски Емирати ќе го преселат викендот во сабота и недела почнувајќи од следната година, објави државната новинска агенција WAM.

Повеќето земји од Персискиот залив имаат викенди во петок и сабота.

Во земјаta ќе има работна недела од четири и пол дена, а викендот започнува во петок попладне и ќе трае до недела.

Според твитот на WAM, подолгиот викенд има за цел „да ја зголеми продуктивноста и да го подобри балансот помеѓу работата и животот“.

Промените ќе започнат на 1 јануари 2022 година и ќе важат за федералните владини субјекти.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

ДЕСК

Биткоинот скокна по примирјето меѓу САД и Иран

C +

Пад на цените на нафтата и раст на берзите по договорот меѓу САД и Иран

C +