17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег и студ низ Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на нов влажен бран денес преку целиот ден ќе има пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2, а локално и над 40 л/м2 воден талог. Во западните делови од раните утрински часови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка.

Утре ќе има слаб локален дожд претежно на југоистокот и снег во планинските региони, Во понеделник ќе има услови за слаб снег на северот и ќе започне период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 13.12.2021
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 0°C до 8°C
Променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во северните делови од попладневните часови ќе провејува слаб снег.

Прогноза за 14.12.2022
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец најизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 15.12.2021
Минимална температура: -7°C до 2°C
Максимална температура: 2°C до 8°C
Сончево со мала до умерена облачност и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Спонзорирано: