Јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ прексиноќа се самоуби во изнајмен стан во центарот на Белград на Обилиќев венац.
Долго време се бореше со јавниот притисок, а со години водеше мачна борба против малтретирањето, еден вид насилство на социјалните мрежи.
Во видеото кое еднаш го објави на социјалните мрежи, таа објасни дека не може никому да му угоди, што и да прави и дека луѓето постојано ја критикуваат и кажуваат погрдни зборови.
@kikax3 Reply to @ponosan_srbin_3 Zato radite šta hoćete u životu, ljudi će kenjati svakako šta god uradili, bitno je da ste VI srećni.
– Прави што сакаш во животот, на луѓето ќе им смета секако што и да правиш, важно е да си среќен – стои во описот на видеото во кое таа детално објаснила низ каков хорор поминала низ годините.
Кристина Ѓукиќ беше српска гејмер, јутјубер и инфлуенсер чиј YouTube канал имаше 700.000 претплатници. Родена е на 25 јули 2000 година во Белград. По нејзината смрт, пријателите и другите јутјубери оставаат бројни пораки на социјалните мрежи со кои се збогуваат со Кике.