Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривични пријави за дрвокрадци од Струмица, дрвата и возилата одземени

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица презеле засилени мерки за откривање и санкционирање лица што вршат бесправна сеча и превоз на огревни дрва, при што на планината Беласица биле запрени со товарно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф. М. (29) од селото Банско, натоварено со бесправно исечени огревни дрва, и моторно возило „лада“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј. Д. (22) од селото Свидовица, Струмичко, исто така натоварено со бесправно исечени огревни дрва.

Во рамките на преземените мерки и активности, на друга локација на планината Беласица, дополнително биле пронајдени 4 кубни метри бесправно исечени огревни дрва.

Дрвата и возилата се одземени и предадени на Шумската полиција Струмица, соопшти полиицијата.

За случајот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, а по негово целосно документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

ДЕСК

Познат идентитетот на загинатите – МВР со детали за тешката сообраќајка

ДЕСК

Апсења на скопскиот аеродром

ДЕСК