23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Се тресе белата палата на ВМРО ДПМНЕ, Јанкуловска откри: Груевски донациите некогаш ги примаше лично

Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, како сведок повикана од Обвинителството за рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“ рече дека за приемот на донациите од страна на ВМРО-ДПМНЕ може да зборува само како генерален секретар на партијата од 2004 до 2006 и дека во тој период претседателот Никола Груевски парите од донаторите ги примал понекогаш лично.

-Тогаш ми кажувале дека тој и тој сака толку и толку да донира за партијата. Некогаш донацијата била дадена истиот ден, или се случувало да ги остават парите на претседателот ако не сум била таму.

Регулативата беше полабава. Се водеше неформална евиденција, но на некои им издававме и каса прими. Не беа големи суми, тие се користеа за тековно работење на партијата, за канцелариски материјали, бензин… сведочеше Јанкулоска.

Поранешниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на прашање на обвинителката Лиле Стефанова, додаде дека ги евидентирала само оние донации кои и биле дадени.

-Јас имав евиденција за сумата која ќе ми се дадеше на мене, за тоа дали се договарала повеќе или помалку, тоа не знам, одговори поранешната министерка.

Таа рече дека во нејзината канцеларија имала два сефа, од кои поголемиот не бил достапен за неа, односно како што вели таа, не бил во функција.

– Мислам дека имаше сеф и во канцеларијата на претседателот, гласеше еден од следните одговори на Јанкулоска за тоа колку сефови имало во старото седиште на партијата.