Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре помалку облаци, од понеделник студ и снег – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре преку денот облачноста ќе се намалува. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во понеделник (на повеќе места над 20 л/м2), а поради заладување со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.

Прогноза за 05.12.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Умерено облачно со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.

Прогноза за 06.12.2022
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. На места врнежите ќе бидат пообилни (и над 20 л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и понекаде на повисоките места.

Прогноза за 07.12.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Умерено до значително облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Како е поврзан Трипуновски со корупцискиот скандал, негова блиска соработничка е меѓу осомничените?

ДЕСК

(ФОТО) Скопје добива нов Божји храм кој ќе биде посветен на Светиот Великомаченик Димитриј

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ сака да скрои опозиција по мерка – бараат оставки

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.