29. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Го одбележуваме Меѓународниот ден на лицата со попреченост, но нивната инклузија во општеството е наше секојдневие

„Сите заедно треба да ја зголемиме свеста и да ја разбереме различноста на лицата со попреченост, бидејќи секој човек е подеднакво важен“. Ова е пораката на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Според Шахпаска Процесот на деинституционализација како дел од социјалната реформа, продолжува успешно да се спроведува. Трансформацијата на грижата на децата без родители и родителска грижа и лицата со попреченост во форми на згрижување, како згрижувачки семејства, групни домови и живеење со поддршка во заедницата, секојдневно ја потврдува својата успешност.

„ Лицата со попреченост најмногу од се бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството и затоа врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика и на Владата е нивната инклузијата во сите општествени текови“, смета министерката Шахпаска.

По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, три проекти на Министерството за труд и социјална политика, проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“, проектот „Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење – ОАСИС“ и проектот „Добивање живот – Деинституционализација на корисниците на Специјалниот завод Демир Капија – ПИН“ финансирани од Европската Унија, кои во моментов го поддржуваат воспоставувањето на социјални услуги во заедницата и спроведувањето на Националната стратегија за деинституционализација, заедно ја спроведуваат кампањата за подигање на јавната свест „Ставете нѐ на вашиот ѕид”.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК