Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Донација од САСА на меѓународниот ден на лицатa со попреченост

И оваа година, по повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, САСА продолжи со својата континуирана поддршка наменета за овој важен сегмент од локалната заедница.

Оваа година, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, САСА донираше опрема и материјали за Дневниот центар за лицата со попреченост, чии услуги ги користат 15 лица од општина Македонска Каменица.
Донацијата се состои од кревети, клима-уреди, играчки, хартија и прибори за цртање, принтер и друг канцелариски материјал.

„Со својата поддршка за лицата со попреченост што ја обезбедува во континуитет, САСА покажува на дело дека целосно ги разбира потребите, вниманието и грижата која им е неопходна на овие наши сограѓани, за да можат тие да се почувствуваат дека се вистински интегрирани во заедницата. За ваквата поддршка сите ние кои сме дел од овој систем сме ѝ исклучително благодарни на САСА, која претставува одличен пример и поттик за останатите компании и субјекти во општеството за тоа како треба да се делува“, изјави во оваа прилика Благој Стоименовски, раководител на дневниот центар за лица со попреченост во Македонска Каменица.

Секој човек, без оглед на својот статус и потреби заслужува да биде еднакво среќен и прифатен во општеството, велат во САСА, објаснувајќи го мотивот на компанијата за поддршката што континуирано, секоја година ја обезбедува за лицата со попреченост. Ваквата поддршка, наjавуваат одговорните во САСА, ќе продолжи и во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +