7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: По барање на граѓаните, идејното решение за улицата Мирослав Крлежа во Дебар Маало ќе има измена

По барање на граѓаните, идејниот проект за улицата Мирослав Крлежа во Дебар Маало ќе има измена.

На покана на градоначалникот на oпштина Центар, Горан Герасимовски, жителите вчера вечер беа во салата на Советот, каде што го погледнаа идејниот проект и детално го дискутираа. Герасимовски истакна дека овој пристап на соработка со граѓаните се покажал како позитивен, затоа што, како што вели, улицата Мирослав Крлежа ќе претрпи измени во проектната документација според потребите на граѓаните.

„Вечерва ве поканив во општината затоа што сакав да го видите идејниот проект за улицата Мирослав Крлежа, по кој сакам заедно да дискутираме. Сакам да го чујам вашето мислење и ако е потребно, да го прилагодиме ова решение пред да почнат активностите. Подобро е да изгубиме шест месеци, но да добиеме проект кој ќе биде функционален и според вашите интереси“, рече Герасимовски пред граѓаните.

Герасимовски соопшти дека општината има поднесено известување до ЈП „Градски паркинг“, дека на улицата Мирослав Крлежа во тек е постапка за реконструкција, поради што треба да биде ослободена од поставените знаци на тротоарските површини и по реконструкција, таа ќе стане резидентна за станарите. Вакво барање е поднесено и за улицата Ленинова.

Герасимовски исто така истакна дека пред секоја реконструкција ќе го практикува овој принцип на блиска соработка со граѓаните.

„Идејата е направиме подобри проекти заедно со граѓаните. Јас во предизборниот период неколкупати најавив вклученост на граѓаните при реализација на проектите и тоа ќе го исполнам. Мојата цел е заедно да реализираме подобри проекти кои во целост ќе ги исполнуваат интересите на граѓаните“, се изјасни Герасимовски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Герасимовски: Ветеното кон пензионерите целосно исполнето, отворени сите три пензионерски клубови

M T

Герасимовски: Жителите на Крњево и Кале добиваат нов пензионерски клуб

M T