22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За Ковачевски цврста рака не значи газење по луѓето, туку одговорно управување

Сите кои работат спротивно на јавниот интерес ќе понесат одговорност, а СДСМ е партијата отворена за сите со цел да се унапреди животот на граѓаните, потенцира кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во неговата програма доставена до членовите на партијата.

-Некои тоа го нарекуваат технократски пристап, но во суштина значи јасен мерит систем кој носи одговорност. За мене цврста рака не значи  враќање кон старите пракси на газење врз луѓето. Но, ако сакаме да зборуваме за цврста рака, тогаш тоа може единствено да значи, а тоа и го најавувам, одговорно управување и одговорност при пристапувањето, додадава тој.

Тој ги повика на обединување сите кои имаат иста цел, партијата да ги реализира ветувањата, да работа и да го унапредува животот на граѓаните.

-Го немаме луксузот да се трошиме на фракции и струи, повикани сме од народот да ја водиме земјата напред и затоа барам од секој од нас одговорност за моментот во кој се наоѓаме. Од мене нема да слушате за поделби и струи, очекувајте да дебатираме за политики, за решенија и сакам да го слушнам сечие мислење за да ги донесеме најдобрите одлуки, вели Ковачевски во програмата.

Кандидатот за претседател на СДСМ наведува дека ќе ја негува внатрепартиската демократија, но нема да дозволи истата да се злоупотребува за внатрешни подеби и реализација на лични интереси.