Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ на министерскиот форум за правда ЕУ – Западен Балкан во Словенија

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денес е во дводневна посета на Република Словенија, каде што ќе учествува на ЕУ-Западен Балкан министерскиот форум за правда и внатрешни работи, кој ќе се одржи во Брдо – Крањ.

На Форумот, којшто се одржува за време на словенечкото претседавање со ЕУ и кој ќе ги собере министрите за правда од ЕУ и Западен Балкан, ќе се разговара за владеењето на правото и реформите во судството, дигитализација на судството, како и за приоритетите на претстојното француско претседателство со ЕУ.

На овие теми министерот за правда ќе учествува во две работни сесии.

Во рамките на својата агенда на Форумот во Брдо – Крањ, министерот за правда ќе оствари неколку билатерални средби, и тоа со колегите министри за правда на Словенија и Србија и со потпретседателот на Европравда, Боштјан Шкрлец.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК