Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Денеска сончево, од утре дожд, па снег – Метеоцентар со детална прогноза

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец.

Утре ќе преовладува променливо облачно време, попладне со локални врнежи од дожд, а за време на викендот во поголем дел од земјава ќе биде суво. Врнежи на повеќе места повторно ќе има од недела кон крајот на денот и во првите два дена од работната седмица. Локално врнежите ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Во вторник кон крајот на денот снег ќе врне и на некои пониски места.

Прогноза за 04.12.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Претпладне променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали.

Прогноза за 05.12.2022
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Умерено облачно со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.

Прогноза за 06.12.2021
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Облачно со врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, кога на места ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК