Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за парче.

Новините произлегуваат од новиот Закон за управување со пакување и отпад.

Како што неодамна најавија од Владата, целта на овој закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба.

Законот, како што појаснија надлежните, предвидува забрана за употребата на пластични кеси на пазарот во земјава, забрана за пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во државата, дозволена употреба на биоразградливи кеси за носење стоки, кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост.

Според законот, производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост.

Производителите на кеси реагираат дека мерката може да им нанесе штета и да ги затвори нивните капацитети. Надлежните, пак, од друга страна потсетуваат дека две години се работело на промените и дека засегнатите страни имале доволно време за да се преориентираат кон производство на биоразградливи кеси.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК