26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Петровска: Предвремени избори не ни се потребни, туку стабилна политичка Влада

-Преговорите се уште траат, евидентно е дека постои договор околу принципите на идната Влада, рече пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска во гостувањето на „Само вистина“, коментирајќи ги преговорите со Алтернатива. Таа рече дека Алтернатива во преговорите го потенцирала европскиот пат на нашата држава и, како што додаде Петровска, тоа не значи само започнување преговори со Брисел, туку тоа е комплексен процес, кој бара многу работа.

-Многу е поважно за државата да продолжи да функционира стабилно. Не треба да си ги броиме министерските места, туку да се справуваме со кризите кои се соочуваме, истакна Петровска.

Одговарајќи на новинарско прашање таа истакна дека на државата не и се потребни предвремени парламентарни избори. 

-Дел од економските перформански во државата можеме да ги препишеме на фактот што скоро секоја година имаме некаков изборен циклус. Тоа го изместува нормалниот тек на функционирањето. Особено сега, сметам и јас, но и СДСМ, дека предвремени избори не ни се потребни, туку стабилна политичка Влада, која ќе ги заврши процесите, заклучи Петровска.

Можеби ќе ве интересира

Народот денес е побогат од времето на СДСМ, тврди ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

До петок сончево, од сабота невреме – Метеоцентар со четиридневна прогноза

ДЕСК

Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија

ДЕСК