Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

224 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи. Од нив 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 147 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

КАЗНАТА НЕ Е САМО ГЛОБА: Следуваат кривични пријави за повеќе лица за безобѕирно управување со моторно возило – едни возеле пијани, други бегале затоа што немале положено

ДЕСК

ИНСТИТУЦИЈА СО НОВ ОБРАЗ: Мицкоски порача дека ИЈЗ повеќе не е симбол на долгови, туку на инвестиции

ДЕСК

Филипче: „Скопска иницијатива“ ги обедини прогресивните сили во регионот за европска иднина

ДЕСК