Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Владата соопшти: Од утре една биоразградлива ќеса ќе чини 15 денари

Од 1 декември 2021 година (среда) стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба и истиот предвидува:

♻️ Забрана за употребата на пластични кеси на пазарот во земјава;
♻️ Забрана за пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во државата;
♻️ Дозволена употреба на биоразградливи кеси за носење на стоки, кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост;
♻️ Надоместокот за употреба на биоразградливите кеси за носење на стоки ќе изнесува 15 денари за парче.

Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост.

Можеби ќе ве интересира

Кафичите и рестораните стануваат се поскапи и понедостижни за просечниот граѓанин

ДЕСК

Средба на гувернерот Славески со директорот на ЕБОР, Желињски: Продлабочување на соработката за поддршка на одржливиот економски развој и финансиската вклученост

ДЕСК

На музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк

ДЕСК