12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ и снег во Македонија – Детална прогноза во следните 4 дена

Поради продор на студена воздушна маса преку денот ќе дува засилен северен ветер, а од изутрина врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и во повисоките делови од Скопската котлина. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Во среда и четврток ќе настапи разведрување, ќе биде доста студено и утринските температури насекаде ќе се спуштат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -2 степена.

Прогноза за 02.12.2021
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Утрото студено, преку денот сончево со умерена облачност поголема во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 03.12.2022
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Променливо облачно со умерен јужен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Врнежите преку ноќта понекаде во северните делови ќе преминуваат од дожд во снег.

Прогноза за 04.12.2021
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Променливо облачно претпладне со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува.