11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/архива
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Дали криминално набавените двокатни автобуси претставуваат опасност за Скопје и скопјани?

По вчерашниот пожар во автобус на ЈСП, станува се појасно дека двокатните автобуси набавени од ВМРО-ДПМНЕ, освен што се криминално набавени, загадуваат, туку и претставуваат опасност за патниците кои се возат.

Пожарот во автобусот што се запали синоќа на улица „Трета македонска бригада“ започнал од делот на моторот, укажувајќи на посериозен проблем, за што треба да бидат испитани и останатите автобуси. Ова не е прв ваков настан, досега неколкупати се опожарени ваквите автобуси набавени од кинеската компанија „Јутонг“, а во поголем дел од случаите пожарот избувнал токму од делот кај моторот.

Ваквите случаи само се надоврзуваат на обвинението на јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, во кое се обвинети поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и екс-директор на ЈСП, Игор Јанушев, и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и две други лица за набавката на кинеските автобуси.

Според обвинението тие незаконски ја фаворизирале кинеската фирма и склучиле договор за набавка на 202 двокатни автобуси, со што нанеле штета од 4.772.920 евра. До денот на отворањето на понудите, кинескиот економски оператор немал доставено банкарска гаранција за понудата, но што е поважно немал доставено ни сертификат за квалитет ИСО 9001:2000 како што било пропишано во тендерската документација.

Кинеските автобуси во земјава започнаа да доаѓаат во 2011 година, а целосната набавка на 202 двокатни автобуси заврши во 2013 година. За околу десет години, добар дел од автобусите постојано се расипани и мораа да се ремонтираат, а вработените во ЈСП истакнуваат и дека набавените панорамнски автобуси не се во функција, бидејќи делови од нив се користат за оспособување на двокатните автобуси кои секојдневно превезуваат патници.

Освен тоа, двокатните автобуси на „Јутонг“ се и доста големи загадувачи, наместо да служат како почиста алтернатива за граѓаните. Според податоците тие согоруваат по околу 43 литри дизел на 100 километри. За автобусите кои беа скапо платени, како дел од проектот „Скопје 2014“ на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тогашнат власт очигледно воопшто не се грижела тие да бидат еколошки, ефикасни и безбедни. Единствена грижа им бил тендерот и изгледот на автобусите со цел да се вклопи во нивниот мегаломански криминален проект.

Спонзорирано: