Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Кам со соопштение до купувачите – од утре носете повеќенаменски торби

Од утре во сила стапуваат законските измени со кои пластичните ќеси ќе чинат 15 денари за парче. Познатиот трговски ланец на маркети, КАМ побара од купувачите да користат повеќенаменски торби за пазарење или хартиени ќеси.

-Согласно новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување сл. Весник 215/2021 започнувајќи од 01.12.2021 задолжителната такса за користење на биоразградливи ќеси за еднократна употреба изнесува 15 денари. Соодветната сума од продажбата на овој поризвод согласно Законот, ќе се уплаќа на Фондот за заштита на животната средина. Ве молиме користете повеќенаменски торби за пазарење или хартиени ќеси со цел заеднички да придонесеме до почиста животна средина, се вели во објавата.

Можеби ќе ве интересира

Македонците масовно почнаа да пазарат храна во соседните држави – Популарните ланци маркети во Лерин и Врање преполни со македонски граѓани

ДЕСК

Државата дели и до 10.000 евра за почнување на нов бизнис! – Познато е кој може да аплицира

ДЕСК

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК