11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Двокатните автобуси се нееколошки, неефикасни и опасни за возење низ Скопје

Набавката на двокатните кинески автобуси за потребите на ЈСП Скопје, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја започна во 2011 година, а заврши во 2013 година. Во овие десетина години се покажа дека тие се нееколошки и загадуваат согорувајќи дизел, неквалитетни и постојано на сервис, а се појасно станува дека се и опасни, по последниот пожар во автобус што се случи вчера.

Автобусите на „Јутонг“ наместо да биде еколошка алтернатива, согоруваат по околу 43 литри дизел на 100 километри, со што се големи загадувачи низ централното градско подрачје. Исто така, добар дел од автобусите постојано се расипани и мораа да се ремонтираат, а вработените во ЈСП истакнуваат и дека набавените панорамнски автобуси не се во функција, бидејќи делови од нив се користат за оспособување на двокатните автобуси кои секојдневно превезуваат патници.

Пожарот во автобусот што се запали синоќа на улица „Трета македонска бригада“ започнал од делот на моторот, укажувајќи на посериозен проблем, за што треба да бидат испитани и останатите автобуси. Ова не е прв ваков настан, досега неколкупати се опожарени ваквите автобуси набавени од кинеската компанија „Јутонг“, а во поголем дел од случаите пожарот избувнал токму од делот кај моторот.

Ваквите случаи само се надоврзуваат на обвинението на јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, во кое се обвинети поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и екс-директор на ЈСП, Игор Јанушев, и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и две други лица за набавката на кинеските автобуси.

Според обвинението тие незаконски ја фаворизирале кинеската фирма и склучиле договор за набавка на 202 двокатни автобуси, со што нанеле штета од 4.772.920 евра. До денот на отворањето на понудите, кинескиот економски оператор немал доставено банкарска гаранција за понудата, но што е поважно немал доставено ни сертификат за квалитет ИСО 9001:2000 како што било пропишано во тендерската документација.

Спонзорирано: