Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Хаџиу: Имаше туби во секој автобус, но тие се за вода

Сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу денеска во интервју за бугарската БНТ зборуваше за автобусот во кој загинаа 45 македонски граѓани. Тој вели дека често си помислува зошто и тој не бил во тој автобус за да загине.

Што се однесува до тоа дали превезувале дополнително гориво или други запаливи материјали, вели дека тоа не било случај.

-Имаше канти, во секој автобус има. Тие се туби со вода, во секој автобус мора да ги има, во случај нешто да се скине, да се случи, да се надополни. На влез на Бугарија секогаш има строги контроли. Проверуваат од багаж до шофер, што носат, вели Хаџиу.

Тој додава дека автобусот бил на технички преглед пред патувањето во Турција и дека бил целосно исправен. Ја исклучува можноста некои од патниците да внеле лесно запаливи материи. Потврдува дека тој и неговото семејство биле дел од патувањето и дека патувале со другите автобуси.

Во однос на тоа дали автобусот ги имал сите потребни документи, Хаџиу вели дека нема да коментираат се додека трае истрагата. Тој рече дека не се чуствува заплашен од никого.

Можеби ќе ве интересира

Левица: ВРЕДИ одработи за ДУИ во Брвеница, а ДПМНЕ за локалните избори одработуваше против Левица во корист на ВРЕДИ во Струга, Тетово и Гостивар

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Сами против сите и раст од 1.200 гласа, Брвеница нема да биде заборавена, ВМРО-ДПМНЕ понуди програма и концепт за развој, а тие национални поделби

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

ДЕСК