6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

255 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (28.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 255 возачи. Од нив, 24 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 85 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 170 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

Можеби ќе ве интересира

Расчистено убиство во Кавадарци, поднесена кривична пријава против лице кое си го убило братот

ДЕСК

Алиу-Јаневска: Почеток на формално основно образование во болнички услови за децата на долготрајно лекување, со цел континуиран воспитно–образовен процес

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ – Охрид

ДЕСК