Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Дожд и снег низ Македонија: Се очекува студен бран кој ќе ги падне температурите

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. За време на викендов ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час), што ќе услови повисоки температури. Во вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер, ќе има значително намалување на температурите и повремен снег и на повисоките места.

Прогноза за 29.11.2021
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 30.11.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 2°C до 9°C
Променливо облачно со врнежи од дожд, на планини од снег. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец.

Прогноза за 01.12.2021
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК