Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Ситроен“ удри пешак во Кисела Вода – лицето е со тешки телесни повреди

Пешак се здобил со тешки телесни повреди откако патничко возило „Цитроен“ удрило во него.

Според информациите од полицијата, на 25.11.2021 во 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Скопје, удрило во пешакот Ѓ.Ѓ.(68) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК