Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Втор ден на жалост за жртвите од автобуската несреќа

Денеска во земјава е втор ден на жалост по сообраќајната несреќа на македонскиот автобус во која вчера на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 45 патници, а седум се повредени.

Вчера Владата прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава за жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија.

За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.

Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа денеска е прогласен и во Бугарија и во Косово.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНА ВЕСТ: ДОАЃААТ ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ – Еве уште колку неработни денови преостанаа

ДЕСК

СДСМ: Врв на лицемерие и лажење: Во Влада на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може!

ДЕСК

Малолетник крадел по џамии

ДЕСК