Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Претежно сончево време со температури до 18 степени

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно наутро, а во текот на денот облачноста ќе се намали, па попладне ќе преовладува сончево време, информираат од УХМР.

Од таму додаваат дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 11 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје рано претпладне со значителна облачност, која веќе до пладне ќе се намали и попладне ќе биде сончево.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Можеби ќе ве интересира

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

C +

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК