Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Еден од основачите на СДСМ и пратеник во првиот парламент на Македонија бара референдумско изјаснување на членството на СДСМ во врска со оставката на Заев

Еден од основачите на СДСМ и пратеник во првиот мандат на македонскиот парламент од независноста до денес, Алил Џафероски преку социјалните мрежи повика Извршниот и Централниот одбор на СДСМ итно да распише референдумско изјаснување на членството, по повод оставката на претседателот Зоран Заев.

– Како еден од основачите на СДСМ од 1991 година и пратеник во првиот уставотворен парламент, барам од Извршниот и централниот одбор, на СДСМ да распишат итно референдумско изјаснување на членството, во врска со оставката на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Лично не ја приаќам оставката ниту од претседател на СДСМ, ниту од претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Причините за двете оставки кои ги наведе Заев, не може и не упатуваат на негова оставка или било каква одговорност, со ова барам широка поддршка од страна на членовите на СДСМ, вели Џафероски преку социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +