7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата и Синдикатот на новинари и медиумски работници спасија четворица новинари од Авганистан

Изутрината на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигна група од четворица новинари од Авганистан кои се во опасност од новите тамошни власти.

Станува збор за ТВ и радио новинари кои работеле за локални медиуми и дописници за странски медиумски куќи, а по падот на демократската влада, добивале закани по живот од Талибанците.

Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава по барање на Меѓународната организација на новинари и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Со прифаќање на овие авганистански граѓани, земјава ја продолжува активната улога во големата хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура – безбедносна проверка, заштита и ПЦР тест.

Ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од организацијата Новинари за човекови права.

Во земјава во моментов престојуваат 534 граѓани на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.

Од Северна Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ НЕВООБИЧАНО ВИСОКИ – Синоптичарите со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Трагедија кај Кочани: Во тешка сообраќајка еден загинат, неколкумина повредени

ДЕСК

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

ДЕСК