Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Образовните асистенти ќе може да се вработат на неопределено време

Владата денеска го утврди и текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, со цел, меѓу другото, да се подобри квалитетот на инклузивното образование преку допрецизирање на постапката за вработувањето на образовните асистенти, како и можноста да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време.

„Со предложените измени се пропишува и полагање стручен испит на воспитувачи во основните училишта, што исто така ќе придонесе за подобрување на квалитетот на нивната работа, како и кариерно напредување на административните службеници во основните училишта“, наведува владината прес-служба.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК

БРИСЕЛ СО НОВ ИЗВЕШТАЈ – Напредок во Реформската агенда, уставните измени остануваат услов

ДЕСК