Centar.mk
РЕГИОН

НАПАД НА УНИВЕРЗИТЕТСКИ КАМПУС ВО АТИНА – Тројца студенти повредени по упад во сала за состаноци

Тројца студенти се повредени во напад на кампусот на Универзитетот во Атина, во населбата Зографу. Инцидентот се случил денеска на Математичкиот оддел, каде што се одржувал студентски собир.

Според грчките медиуми, во просторијата влегла поголема група лица со шлемови, а бил фрлен и молотов коктел. Двајца од повредените се здобиле со изгореници, додека третиот имал повреда на ногата.

Повредените биле пренесени во болницата „Гениматас“. Универзитетот и Министерството за образование го осудија нападот, а полицијата ги испитува околностите и учесниците во инцидентот.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕДЛОГ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ – Црна Гора бара решение за снабдувањето со пелети

ДЕСК

ХРВАТСКА ПОДГОТВУВА НОВИ КРИВИЧНИ ОДРЕДБИ – Најавени мерки против интернет-вознемирување и лажни интимни снимки

ДЕСК

СРПСКИОТ РЕГУЛАТОР ИЗРЕЧЕ ЗАБРАНИ – Емисија на Информер седум дена нема да се емитува

ДЕСК