Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Владата функционира непречено, убедена сум дека пратениците ќе го изгласаат буџетот

„Владата функционира непречено, согласно обврски и согласно она што претставува потреба на граѓаните“ истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во „Утрински брифинг“.

Таа додаде дека расправата за буџетот е во тек и дека е убедена оти пратениците ќе бидат свесни за значајноста на моментот.

„Буџетската расправа тече и јас сум убедена дека пратениците ќе бидат свесни за значајноста на моментот, за важноста на нашата евроинтеграција, за воспоставувањето на демократските процеси и за носење на буџетот како најаважен документ кој што треба да ги генерира сите состојби во државата“ истакна Шахпаска.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК