Минатата недела цените на бензите и дизелот се намалија за половина денар по повеќенеделното зголемување на цените, а таков континуитет се очекува и денес на пладне кога Регулаторната Комисија за Енергетика треба да ги соопшти цените по кои ќе се точи горивото следните 7 дена.
Цената на Екстралесното масло за домаќинство се намали за еден денар.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 41,445 (денари/килограм)