22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Многу ја прават оваа грешка: На овие места никогаш не треба да ставате парфем

Ако сакате вашата кожа да остане убава и здрава, слушајте ги советите на експертите.

Некои делови од телото се почувствителни од другите, па некои состојки на парфемот, како алкохолот, можат да ги оштетат, велат експертите. Тоа се места на телото каде не треба да ставаме парфем.

Косата
Секој сака косата да мириса убаво, но парфемите за тело не се добри за косата. Алкохолот што го содржат може да ја исуши косата и да ги оштети врвовите. Подобро би било да користите парфеми за коса кои ги има во аптеките или нанесете го омилениот мирис на четката и искористете го за да поминете низ прамените.

Рацете
Многу често можеме да видиме како некој нанесува парфем на рацете, но тоа навистина не треба да го правите, велат експертите. Алкохолот може да го исуши и овој дел од телото, а може дури и да доведе до пукање на кожата доколку тоа ви е секојдневна навика – особено во зима кога кожата на рацете ви е посува.

Пазуви
Ставајте само дезодоранси на пазувите, никогаш парфеми. На првото прскање може да почувствувате пецкање и чешање, а може да се појават и посериозни иритации.

Каде тогаш треба да се стави парфемот?
Најдобрите места за нанесување се оние каде што го чувствувате пулсот – зглобовите, вратот и задниот дел на коленото. Тоа се и области кои често се потопли од остатокот од телото, па парфемот или алкохолот во него нема да ги иритираат.

Можеби ќе ве интересира

Дали правилно го нанесувате парфемот?

M T

5 грешки кои речиси секој ги прави при месење тесто

M T

Ова се 6-те грешки кои постојано ги повторувате и поради кои не можете да изгубите тежина

M T

Признавањето на сопствените грешки е тешко: 10 знаци дека всушност ВИЕ сте проблем во вашата врска

M T

ГРЕШКИ ШТО СИТЕ ГИ ПРАВИМЕ – НИКАКО не го чувајте маслото на едно место, тоа го скратува рокот на траење

M T

Најголемите грешки што ги правите при печењето на скара: „Поради нив и доброто месо излегува лошо“

M T