Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Остануваме во комуникација за зголемување на мнозинството со партиите со кои делиме исти вредности

Одговор на новинарско прашање, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ

Прашање: Претседателот вчера кажа дека ќе чека како ќе се одвива политичката состојба во однос на после неуспешниот обид на опозицијата да се собори власта, како вие сметате дека ќе дојде до расплет на политичката криза дали работите на зголемување на парламентарното мнозинство, опозицијата повторно бара предвремени избори и оставка од премиерот Заев.

Одговор: Оставката на премиерот Заев е многу јасна, очигледно дека опозицијата селективно ги следи медиумите и известувањата. Претседателот Заев и во владата и во партијата поднесе оставка, но како политичка партија во органите на партијата одлучивме тие да бидат одложени се до целосно стабилизирање на државата. Едно од тие процеси за стабилизација на државата е и зголемувањето на мнозинството и стабилизирање на парламентарното мнозинство, денот на гласањето кога сакаа да се изгласа недоверба стана јасно дека опозицијата го нема тоа долго најавувано парламентарно мнозинство. Како политичка партија сериозна и посветена на демократските процеси во државата остануваме отворени за понатамошна комуникација со сите политички партии, особено со оние кои ги делиме истите вредности.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК