Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

„Open Balkan ID“ за слободен пристап до пазарот на труд и за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоките на Западен Балкан

Делегација на Република Северна Македонија предводена од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски учествуваше на работниот состанок на кој вчера и денеска се работеше на подготовка на сите предуслови за ефикасна имплементација на договорите кои ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар.

На состанокот се утврдени следните чекори со кои преку иницијативата „Отворен Балкан“ веќе од наредната година ќе се овозможи слободен пристап до пазарот на труд и за поврзување без граници.

На состанокот беа разгледани првите нацрт решенија за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоките на Западен Балкан, како и за слободен пристап до пазарот на труд со креирање на „Open Balkan ID“ со што на граѓаните од целиот регион им се отвораат бројни поволности.

Во работните групи на состанокот на експертско ниво учествуваа претставници на Министерството за економија, на Министерството за надворешни работи, на Министерството за внатрешни работи, на Министерството за информатичко општество и администрација, како и претставници на Институтот за акредитација, на Царинска управа, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Инспекторатот за земјоделство, на Фитосанитарната управа, на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Од страна на реалниот сектор на состанокот учествуваа и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, кои уште од почетокот се дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и кои на поврзувањето во заеднички и отворен пазар на регионот му дадоа целосна поддршка.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК